Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД го запира издавањето визи за државјани на 75 земји

САД го запира издавањето визи за државјани на 75 земји

САД го запира издавањето визи за луѓето од 75 земји. 

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на допис на американскиот Стејт департмент. 

Запирањето на обработката на визите се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот американски претседател Трамп ја спроведува од стапувањето на должност во јануари минатата година. Во ноември, Трамп вети дека трајно ќе ги запре миграциите од сите земји од третиот свет, откако авганистански државјанин пукал од огнено оружје во близина на Белата куќа и убил припадник на Националната гарда. Многу авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД во 2021 година добиле специјални имигрантски визи, наменети за оние кои работеле со американската војска за време на нејзината 20-годишна војна. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести