Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД го преместуваат нуклеарното оружје од Турција во Романија

САД го преместуваат нуклеарното оружје од Турција во Романија

САД почнаа да го преместуваат во Романија арсеналот од нуклеарно оружје, лоциран на територијата на Турција, објави EurActiv, повикувајќи се на свои извори.

Овој трансфер е голем предизвик од техничка и политичка гледна точка.

„Не е лесно да се преместат повеќе од 20 нуклеарни оружја" - вели изворот на EurActiv, кој побарал анонимност.

Тоа е очигледен знак за влошување на односите меѓу Вашингтон и Анкара. Изгледа американските воени сили веќе не ја гледаат Турција како доволно сигурен сојузник.

Другиот извор на EurActiv, кој исто побарал анонимност, истакнува дека новата локација за распоредување на нуклеарниот арсенал е романската база „Девеселу", во близина на градот Каракаш, во која се наоѓа и американскиот противракетен штит кој ја налути Русија.

Од романското Министерство за надворешни работи категорично ги демантираа информациите. Вообичаена практика е сепак секоја информација поврзана со нуклеарно оружје, која ќе се појави во медиумите да биде негирана. Министерствата за надворешни работи на САД и Турција се откажале од коментар на барањето на EurActiv.

Слично

Поврзани вести