САД го одбија Иран да соработува во битката против Исламската држава
САД го одбија предлогот на иранските претставници, според кој Техеран понуди да соработува во борбата против џихадистите на Исламската држава, а за возврат да добие олеснувања по прашањето за нуклеарната програма.
Високи ирански официјални претставници изјавиле дека Иран е подготвен да соработува со САД и сојузниците против Исламската држава, но во тој случај Техеран бара пофлексибилен став на меѓународната заедница во однос на иранската нуклеарна програма, односно во однос на збогатувањето на ураниум.
Претсѕавник на Белата куќа веќе го отфрли иранскиот предлог. Според официјален Вашингтон, напорот на светските сили е насочен кон убедување на Иран да се откаже од својата нуклеарна програма и тоа е сосема одвоено од напорите на американскиот претседател Барак Обама да изгради меѓународна коалиција за борба против Исламската држава.
Македонија се приклучи во меѓународната коалиција за борба против Исламската држава!
Слично
