Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД го имаат 46. претседател: Бајден го победи Трамп на овие избори кој се бореше за втор мандат

САД го имаат 46. претседател: Бајден го победи Трамп на овие избори кој се бореше за втор мандат

Светските медиуми веќе јавуваат дека гласовите во Пенсилванија се пребројани, по што се знае дека 77-годишниот Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД.

Победата во сојузната држава Пенсилванија на Бајден му донесе 20 електорнски гласови, и сега воопшто не се важни гласовите од уште неколку сојузни држави, каде не се објавени резултатите, бидејќи тој веќе ги собра потребните 270 гласа.

Според наводите на американските медиуми, кандидатот на демократите има освоено повеќе од 4 милиони гласови во однос на неговиот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, кој се бореше за втор претседателски мандат.

Во двата манадти на Барак Обама, Џо Бајден беше потпретседател, а сега по четири години се враќа во Белата куќа како еден од најмоќните луѓе во светот. Со 78-години, кога ќе биде и официјално инаугуриран ќе биде најстариот претседател во историјата на Соединетите Американски Држави.


Слично

Поврзани вести