САД ги одложи санкциите за Алина Кабаева
САД подготвија пакет санкции против претседателката на одборот на директори на Националната медиумската група Алина Кабаева, но засега го одложи нејзиното спроведување, објави веб-страницата на Вол Стри Џурнал.
Според изданието, една од причините е стравот што рускиот претседател Владимир Путин може да „реагира агресивно“.
Поранешната олимписка шампионка во ритмичка гимнастика Алина Кабаева се верува дека е во интимна врска со претседателот Путин. Според медиумите, таа има најмалку 3 деца, но според повеќето извори - тие со 4.
Извори на WSJ од Министерството за финансии на САД тврдат дека наметнувањето на санкциите против Кабаева може да доведат до дополнителна ескалација на тензиите меѓу Русија и САД.
Причината е што таа може да игра важна улога „во криењето на личното богатство на Путин зад граница“.
„Продолжуваме да анализираме кога да ги воведеме овие санкции за тоа да има максимален ефект“, вели еден од изворите на WSJ.
