САД Е НА ПОТЕГ: Украина е спремна да потпише за минералите
Украина се согласи да ги даде и минералите на Соединетите Американски Држави(САД).
Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина вели дека Украина е подготвена да потпише договор за минерали со САД, но Вашингтон сè уште не ги утврдил условите.
За американскиот претседател Доналд Трамп, договорот за минерали е клучен дел од соработката на САД и Украина. Не се знае дали тој договор ќе има и безбедносни гаранции. Договорот требаше да се потпише кога украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец беше на средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, но тие се скараа и средбата заврши.
Слично
