САД: Дивеат пожари низ Вашингтон
Американски функционери за вонредни состојби наведуваат дека масивен пожар во северозападната држава Вашингтон неконтролирано дивее и се шири во нови правци, благодарение на јаките, споредни ветрови.
Од минатиот понеделник од молња предизвиканиот пожар, изгоре околу 870 квадратни километри шума и тревници, што предивика евакуација на стотина луѓе во преубавата Метоу долина северно од Сиетл.
Не е известено за сериозни повреди, но владее загриженост поради неколку лица за кои не се знае каде се.
Слично
