САД даваат три милијарди долари во борба против климатски промени за сиромашните земји
САД ќе дадат три милијарда долари за фондот на Обединетите нации за помош на сиромашните и загрозените земји како би се подготвиле подобро за климатските промени и развиле обновливи извори на енергија.
Американскиот претседател Барак Обама би требало оваа донација официјално да ја објави на самиотот на G20 во Австралија.
ОН настојуваат да се соберат најмалку 10 милијарди помош за земјите во развој да се прилагодат на подигањето на нивото на морето, зголемување на температурите и екстремни непогоди.
Тој финд е наменет и за енергетиката како би се ограничила потрошувачката на фосилното гориво кое ја загадува атмосферата.
Таа донација на САД ќе биде најголема досега. Пред шест години поранешниот претседател на САД Џорџ Буш објави слична донација од две милијарди долари.
Слично
