Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД дава 5 милиони долари за совети како да се уништи „Исламската држава“

САД дава 5 милиони долари за совети како да се уништи „Исламската држава“

Војната против „Исламската држава“ влегува на нова територија - финансиска.

Додека терористичката организација уништува археолошки локалитети и освојува нафтени наоѓалишта, САД нудат награда од 5 милиони долари за совети како да се запре нелегалната трговија со нафта и антиквитети, пренесе „CNN“.

Шверцот на „Исламската држава“ е нејзин главен извор на приходи, истакнуваат од американскиот Стејт департмент во соопштението, во кое ја прогласуваат и наградата.

„Исламската држава“ заработува милиони долари од шверцот на нафта и антиквитети, со кои ги финансира бруталните тактики, посочуваат американските власти.

„Американскиот Стејт департмент се надева дека оваа награда ќе генерира информации за поединци или групи, ангажирани со екстракција, преработката, шверц, дистрибуција и продажба на нафта и антиквитети, кои ги корист „Исламската држава“, како и информации за мрежата, методите и правците“, посочуваат оттаму.

Експертите ја опишуваат „Исламската држава“ како најдобро финансираната терористичка организација во историјата, која привлекува борци од целиот свет.

Средствата од шверцот се користат за различни цели, меѓу кои и за плати на борците на терористичката група.

Известувањето за награда доаѓа во истиот ден, кога специјалната комисија во САД дојде до заклучок дека земјата ја губи битката да ги одвраќа Американците да се вклучуваат во редовите на „Исламската држава“.

Над 25 илјади странци заминале за Сирија и Ирак од 2011 година, за да се борат за „Исламската држава“ и други исламистички терористички групи, покажуваат податоците на американските власти.

И иако нејзинoто финансирање слабее, „Исламската држава“ се уште ужива стабилни приходи. Според консултантска група „Verisk Maplecroft“ приходите на организацијата од нафта паднале до 500 илјади долари на ден од 1,6 милиони долари на ден минатата година.

Слично

Поврзани вести