(ВИДЕО) САД бомбардирале рафинерии во Сирија
САД и нивните сојузници во рамки на коалицијата за против организацијата на Исламската држава бомбардираа 12 рафинерии во Сирија кои се наоѓаат во рацете на екстремиситите, јавува денеска Би-Би-Си.
Нападите се изведени во текот на минатата ноќ, а ги извеле американски, саудиски и бомбардери од Обединетите Арапски Емирати.
Во бомбардирањето на рафинериите на истокот од Сирија убиени се 14 борици на Исламската држава и пет цивили. Американската влада соопштила дека Исламската држава од бомбардинарите рафинерии имала дневен приход од два милиони долари.
Барак Обама изјавил дека САД ќе ја уништат „мрежата на смртта“ на Исламската држава.
Слично
