Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД бараат итен прекин на огнот во Украина за да се истражи падот на малезискиот авион

САД бараат итен прекин на огнот во Украина за да се истражи падот на малезискиот авион
САД апелираа денеска да се воспостави итен прекин на огнот во источна Украина за да се овозможи истрага за падот на малезискиот патнички авион. Американскиот претседател Барак Обама им се приклучи на апелите на вознемирените светски лидери кои бараат да се спроведе „непречена и непристрасна“ меѓународна истрага која ќе ги утврди причините за падот на авионот на „Малезија Ерлајнс“, кој леташе на релација Амстердам-Куала Лумпур. „Апелираме до сите страни - Русија, проруските сили и Украина, да подржат итен прекин на огнот за меѓународна истражна комисија да добие безбеден и непречен пристап до местото на несреќата и да се овозможи собирање на остатоците“, се вели во соопштението од Белата куќа. Во меѓувреме се апелира доказите да не бидат загрозени на никаков начин и никој да не ги допира потенцијалните докази и остатоци на местото на несреќата. Официјалните американски претставници веруваат дека авионот МХ17 на „Малезија Ерлајнс“ е соборен со ракета земја-воздух во моментот кога ја надлетувал источна Украина. Во инцидентот загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. (АУДИО) Украина: Ова е доказ дека Русија стои зад соборениот малезиски авион!  
Слично

Поврзани вести