САД: 9,7 милијарди долари за жртвите од ураганот „Сенди“
Претставнички дом на САД одлучи да одобри поголема средства за помош на најпогодените од ураганот „Сенди“ кој пред неколку месеци разурна голем дел од Источното крајбрежје. Сега проектот е предаден на Сенатот на САД, каде се очекува да биде прифатен.
Со оваа одлука, на федералната Агенција за вонредни ситуации ќе и бидат доделени 9,7 милијарди долари за исплата на помош на илјадниците жртви на катастрофалниот ураган.
Инаку минатата недела Сенатот одобри целосен пакет помош во вредност од 60,4 милијарди долари за настраданите од бурата Сенди, но претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бојнер, го забави проектот.
Слично
