Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: 59-те ракети поразиле цели во Сирија!

САД: 59-те ракети поразиле цели во Сирија!

Вашингтон ја демантираше Москва за неефикасноста на нападите. 

Сите американски ракети Томахавк  се истрелани на воениот аеродром во сириската провинција Хомс, ги поразиле поставените цели, изјави на брифингот за новинарите портпаролот на Белата куќа, цитиран од агенциите.

Тој додаде дека претседателот на САД, Доналд Трамп донел одлука за операцијата против Сирија околу 16 часот по локално време (на источното крајбрежје на САД). Бомбардирањето на Сирија започна околу 17.40 часот. 

Околу 20.30 часот започна известувањето на странските лидери и на раководството на Конгресот на САД.

Претходно портпаролот на руското воено министерство генерал Игор Конашенков соопшти на брифинг за новинарите во Москва дека "според податоците на руските средства за објективна контрола до сириската база стигнале само 23 ракети. 

Слично

Поврзани вести