S & P го намали рејтингот на Франција
Меѓународната рејтинг агенција Standard and Poor's (S & P ) го намали кредитниот рејтинг на Франција од AA + на AA , истакнувајќи го како причина недостигот на напредок во однос на реформите во економијата . Агенцијата сепак ги ревидираше изгледите за рејтингот на земјата од негативен на стабилен.
Во соопштението од S & P велат дека го деградирале рејтингот на Франција , бидејќи според агенцијата, реформите на француската влада во однос на даноците и пазарите на производи , услуги и работа " нема да ги зголемат значителни изгледи за економски раст на Франција во среден рок и дека високото ниво на невработеноста ја слабее поддршката за наметнување на понатамошни мерки во однос на фискалната и структурната политика . "
Министерот за финансии на Франција, Пјер Московичи, објави дека " жали " за одлуката , велејќи дека критиките на S & P се погрешни. Тој исто така додава дека рејтингот на Франција се уште е еден од највисоките во светот и дека обврските на земјата " остануваат едно од најбезбедните и ликвидни во еврозоната . "
Слично
