РВЕ гради соларен парк во Британија
Германскиот енергетски концерн РВЕ најави изградба на соларен парк во Британија со моќност од 37 мегавати, соопштија од компанијата. РВЕ настојува да го прошири своето порфолио во обновливите извори на енергија.
Очекувањата се дека соларниот парк „Кенкот хил солар парк“, чија изградба се планира на територија на напуштен аеродром во Охфордшир (Англија), ќе биде приклучен на енергетската мрежа на крајот на летото 2014 година и ќе може да снабдува околу 10.000 домаќинства со електрична енергија, соопштија од РВЕ.
Оваа германска компанија, која ќе ja обезбеди финансиската и техничката подршка за проектот, како изведувач за изградба ја избра соларната групација Конерџи, а по завршувањето на градежните работи ќе биде продадена на компанијата Форсајт солар фанд лимитед, која е во сопственост на британската компанија за управување со ифраструктурни инвестиции Форсајт груп.
Слично
