РУЖДИ НЕ МОЖЕ ДА ЗБОРУВА, ИСКАСАПЕН МУ Е ЦРНИОТ ДРОБ И НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ОКО: Критична состојбата на писателот избоден со нож во Њујорк
Британскиот
писател Салман Ружди, кој повеќепати беше избоден со нож во вратот и стомакот
од напаѓач на бината за време на предавање во американската држава Њујорк,
опериран и сега е на респиратор, објави доцна синоќа неговиот агент Ендрју
Вајли, пренесува Би-Би-Си.
Тој изјави дека „вестите не се добри“, дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око.
- Салман најверојатно ќе го загуби едното око, нервите во раката му се пресечени, а црниот дроб е пробиен и оштетен - изјави Вајли.
Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој вчера бил нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк.
Во официјалното соопштение од њујоршката полиција во врска со нападот врз Ружди, наведено е дека напаѓачот го нападнал писателот и водителот околу 11 часот по локално време, и го прободел писателот во пределот на вратот и стомакот. Писателот потоа со хеликоптер бил префрлен во Универзитетската болница во Медицинскиот центар во Питсбург Хамот, каде што бил чуван од полицијата, каде што му била извршена операција.
Новинар на АП видел човек како упаднал на бината во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и да го прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето.
Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здоби со полесна повреда на главата и беше пренесен во локалната болница, јави Би-Би-Си. Се претпоставува дека осомничениот немал соучесници, а засега не е познат мотивот за нападот.
Ружди, роден во Индија, се прослави со книгата „Деца на полноќта“ во 1981 година, која беше продадена во повеќе од милион примероци само во Велика Британија. Но, неговата четврта книга, Сатанските стихови, објавена во 1988 година, го принуди да се крие речиси десет години.
Тој е забранет во Иран од 1988 година, бидејќи многу муслимани го сметаат за богохул. Една година подоцна, тогашниот ирански лидер ајатолахот Хомеини издаде фатва, или указ, повикувајќи на смрт на Ружди.
ФОТО. EPA/@HoratioGates3
