Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУЖДИ БИЛ ИЗБОДЕН ДУРИ 12 ПАТИ, УЖАСНИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ПИСАТЕЛОТ: Состојбата му критична, но е изваден од респиратор

РУЖДИ БИЛ ИЗБОДЕН ДУРИ 12 ПАТИ, УЖАСНИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ПИСАТЕЛОТ: Состојбата му критична, но е изваден од респиратор

Еден од најпознатите светски писатели, Салман Ружди кој завчера беше нападнат за време на јавен настап во Њујорк, денеска е изваден од респираторниот апарат и може да зборува, но неговата состојба се уште е критична. Младиот Либанец, Хади Матар му нанел тешки дури 12 убодни рани по целото тело, вклучително и во вратот и лицето.

Напаѓачот не се смета за виновен

Обвинетиот вооружен напаѓач, 24-годишниот Хади Матар од Фервју, Њу Џерси, се изјасни за невин пред судот во саботата, објави неговиот вршител на должноста адвокат Натаниел Бароне. Тој доби кривична пријава за обид за убиство и за нанесување тешка телесна повреда.

Судијата не дозволи кауција откако окружниот обвинител Џејсон Шмит и кажа дека Матар намерно презел чекори за намерно да му наштети на Ружди затоа што однапред обезбедил пропусница за настан на кој зборувал прославениот автор и пристигнал во Њујорк еден ден претходно со лажна лична карта.

„Ова беше насочен, неиспровоциран, однапред испланиран напад врз господинот Ружди“, рече обвинителот Шмит.

Ружди (75), чија глава е уценувана откако ги објави „Сатански стихови“ во 1989 година, требаше да одржи предавање во Чаутаука, во западниот дел на државата Њујорк, кога Матар го нападна со нож и неколку пати го избоде.

Според окружниот обвинител Џејсон Шмит, Ружди бил избоден три пати во вратот и четири пати во стомакот. И окото му беше прободено.

Писателите и политичарите ширум светот го осудија нападот. Полицијата сè уште не го утврдила мотивот за нападот, но NBC објави дека прелиминарниот полициски преглед на профилите на социјалните мрежи на Матар открил дека тој имал наклонетост кон шиитскиот екстремизам и иранската Револуционерна гарда.

ФОТО: EPA/Carsten Bundgaard

Слично

Поврзани вести