РУТЕ ЗА ЛАВРОВ: Tој е министер од времето на Христос и ништо корисно не излезе од неговата уста
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, денеска во емисијата „Фокс њуз“, го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за неговите неодамнешни коментари за можен колапс на Алијансата.
Лавров тврдеше дека значителното зголемување на буџетите за одбрана на членките на НАТО може да доведе и до колапс на Алијансата.
Руте го пофали она што го нарече големо достигнување во надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација во обезбедувањето зголемување на трошоците за одбрана на НАТО.
„Лавров е министер за надворешни работи на Русија, мислам, од времето на Исус Христос. И ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш. Затоа, да не му обрнуваме премногу внимание на Лавров“, рече Руте.
За Лавров рече дека е неважен.