Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руте му порача на Путин: Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците и знајте дека сме подготвени

Руте му порача на Путин: Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците и знајте дека сме подготвени

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека се спремни за одговор, откако неколку руски дронови го повредија воздушниот простор на Полска.

„Престанете со војната во Украина. Престанете со ескалацијата. Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците – и знајте дека сме подготвени“, изјави Руте.

Тој нагласи дека инцидентот е директно продолжение на руската агресија врз Украина, и порача дека НАТО е решен да ја брани секоја педа од сојузничка територија.

Русите тврдат дека Полска не била мета. 

Слично

Поврзани вести