Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУТЕ ДО ПУТИН: Ако некој ја нападне Полска, нашата реакција ќе биде поразителна

РУТЕ ДО ПУТИН: Ако некој ја нападне Полска, нашата реакција ќе биде поразителна

Ако Русија ја нападне Полска, одговорот на НАТО ќе биде поразителен, вели генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. 

Руте денеска во Варшава предупреди дека секој што би замислил да ја нападне Полска треба двапати да размисли, затоа што НАТО ќе одговори со полна сила.

„Ако некој направи погрешна пресметка мислејќи дека може да ја нападне Полска без последици, нашиот сојуз ќе одговори. Реакцијата ќе биде поразителна. Тоа мора да му биде јасно на господинот Владимир Владимирович Путин или на секој кој би сакал да не нападне“, вели Руте на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Полска мора да биде подготвена за различни сценарија, вклучувајќи ги и оние што не им се допаѓаат.

„На сите им е јасно дека преговорите се водат и нашето влијание врз нив е ограничено, дотолку повеќе што Полска мора да биде подготвена за сценарија кои нема да бидат сто проценти како што ги опишавме“, рече Туск.

Руте рече дека сите треба да го следат примерот со Полска, која одвои повеќе пари за вооружување. Русија повеќе од три години војува со Украина. Руските власти упатуваа закани до повеќе држави кои воено помогнаа на Украина. 

Слично

Поврзани вести