Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рустем Умеров: Војната со Русија почна пред неколку века, кога Москва првпат го окупираше мојот роден Крим

Рустем Умеров: Војната со Русија почна пред неколку века, кога Москва првпат го окупираше мојот роден Крим

Новиот украински министер за одбрана, Рустем Умеров кој е кримски Татарин објасни зошто е толку фокусиран на победата во војната против Русија, велејќи дека Москва ја окупирала неговата татковина Крим пред неколку векови, мислејќи на 18 век, кога Руската империја за првпат го одметнала полуостровот, а дел од Татарите пребегале во Османлиската империја.

„За мене, оваа војна не започна во 2022 година, па дури ни во 2014 година. За моето семејство и за кримските Татари, војната со Русија започна пред неколку века, кога Москва првпат го окупираше мојот роден Крим. Роден сум откако моето семејство беше депортирано и како дете живеев низ тешкотиите предизвикани од рускиот колонијализам, кој се обиде да ги натера домородните кримски Татари да се чувствуваат како да се вонземјани во сопствената земја. Ниту тогаш не им успеа, ниту нема да успеат. Нашата главна цел денес е да ја добиеме војната“, вели тој. 

Депортацијата на која веројатно мисли Умеров е фактот дека Јосиф Сталин веднаш по Втората светска војна раселил над 180.000 Татари од Крим во Узбекистан каде требало да почнат да живеат од нула. Подоцна во СССР, под Михаил Горбачов, оваа одлука била променета за тие да се вратат, но вистинското враќање не почнало пред 1990-тите години. По краткиот мир и враќање на огништата, Татарите во 2014 година потпаѓаат под Руската Федерација откако таа го анектираше Крим. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести