РУСТЕМ УМЕРОВ НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА КРИМ: Нема сомнеж дека ќе победиме
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров најави враќање на Крим во 2024 година.
Умеров во интервју за германски „Билд“ кажа дека Украина ќе го врати полуостровот кој Русија го анектираше во 2014 година.
Тој потсети дека е роден во Централна Азија во семејство на кримски Татари кои ги депортираа советските власти. Кажа Русија е „на темната страна на историјата“. Вели дела режимот на рускиот претседател Владимир Путин е осуден од целиот цивилизиран свет. Актуелниот министер за одбрана на Украина е назначен на својата функција во септември. Украинската армија планира да мобилизира до 500.000 луѓе. Русија на 24 февруари лани ја нападна Украина и војната уште трае.
foto Facebook/Rustem Umerov
Слично
