Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руско украинскиот конфликт се заканува да прерасне во тотално безредие!

Руско украинскиот конфликт се заканува да прерасне во тотално безредие!
Украинските сили соопштија дека ја зазедоа зградата на безбедносните служби и телевизиска станица во Краматорск, а во Луханск, про-руските сепаратисти упаднаа во базата на безбедносните служби. Судири имало и во градовите Мариупол и Констјантјнивка. Повеќе од 50 лица загинаа во два дена во насилста во источна Украина. Повеќето од жртвите загинале во пожарот во синдикалните згради во Одеса на 2 мај. Проруските активисти сега се префрлени во соседниот град Славјанск, каде со барикади се подготвуваат за натамошни напади на војската, соопшти претставник на сепаратистите. „На влезот во градот владините трупи доведуваат оклопни возила. Се подготвуваме за нивен јуриш“, изјавил тој за украинската агенција Униан. Во градот Доњецк вооружените сепаратисти успеале без отпор да ја заземат зградата на тајната служба СБУ. Полицијата не ги нападнала. И во градот Горловка активистите лојални кон Москва зазеле локални административни објекти. И двете страни јавуваат за своите успеси, се најавува разгорување на конфликот.
Слично

Поврзани вести