Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руско - украинските преговори продолжуваат, ќе има нова рунда

Руско - украинските преговори продолжуваат, ќе има нова рунда

Ќе има нова рунда преговори, за решавање на војната во Украина. 

По денешните разговори, украинската и руската делегација се враќаат во своите престолнини на консултации, пренесе АФП.

„Во текот на разговорите Украина и Русија се утврдија многу точки околу кои беа презентирани предлози и решенија“, вели украинската страна. 

Шефот на руската делегација, Владимир Медински, вели дека следната рунда разговори ќе се одржи на полско-белоруската граница. Денеска се преговараше на територија на Белорусија. 

Признавање на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризација и денацификација на украинската држава и обезбедување на неутрален статус на Украина, се трите барања кои рускиот претседател Владимир Путин му ги соопштил на францускиот колега, Емануел Макрон. 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на социјалните мрежи објави фотографии од потпишувањето на барањето за членство на Украина во ЕУ.

Пред неколку дена Русија започна со инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести