Руските војници заминале од Чернобил и се упатиле кон границата со Белорусија
Руските војници го напуштаат Чернобил, велат украинските власти.
Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека голем дел од руските војници си заминале од нуклеарната централа Чернобил. Војниците, наводно, тргнале кон границата меѓу Украина и Белорусија, по што се очекува да влезат на територија на соседот.
„Окупаторите кои ја заземаа нуклеарната централа Чернобил и другите објекти, тргнаа во две колонии кон украинската граница со Белорусија“, соопшти „Енергоатом“.
Руската војска се подготвува да го напушти и Славутич, блискиот град во кој живеат работници од Чернобил. Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил набргу по руската инвазија на 24 февруари.фото Википедија
Слично
