Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските војници за три дена ќе останат без храна, муниција и гориво?

Руските војници за три дена ќе останат без храна, муниција и гориво?

Според украинската војска,  руските војници имаат залихи за најмногу три дена. 

Велат дека наскоро ќе останат без храна, муниција и гориво. Информацијата денеска ја објави Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Нападите врз другите градови во Украина – како Киев, Чернихив, Суми и Харков – доживеаја уште еден ден застој“, додаде Министерството за одбрана.

Британската разузнавачка служба соопшти дека украинските сили ги одбиваат руските обиди за освојување на Мариупол, град кој се смета за клучен за успехот на таканаречената „специјална воена операција“ на Путин, пишува Дејли мејл.

Во ваков случај украинските сили би можеле да извршат контранапад. 

Но, тоа не значи дека војската на Путин е веќе поразена или дека наскоро ќе следи прекин на огнот.

Пред 27 дена Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Досега загинаа најмалку 117 деца. Најновите информации од Украина се дека е спречен четврти обид за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски. 


foto EPA-EFE/Andrzej Lange

Слично

Поврзани вести