Руските војници влегуваат до најголемата нуклеарна централа во Европа
Руските војници влегуваат во Енергодар до нуклеарната централа.
Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко вели дека руски војници отвориле оган во украинскиот град Енергодар, веднаш до најголемата нуклеарна централа во Европа, откако влегле со тенкови. Претходно тој изјави дека руските војници ги интензивираат напорите да ја преземат контролата над нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина. Русија веќе ја окупираше затворената нуклеарна централа во Чернобил, на околу 100 километри северно од главниот град Киев, јавува Ројтерс.
Слично
