Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските војници уриваат мостови, вели гувернерот на Николаев

Руските војници уриваат мостови, вели гувернерот на Николаев

Украина тврди дека руските сили се повлекуваат и ги рушат мостовите. 

Регионалниот гувернер на регионот Николаев, Виталиј Ким вели дека целта е да го спречат напредувањето на украинските сили. Тој не прецизира каде точно се одвива повлекувањето на руските сили.

„Тие се плашат од пробив на украинските вооружени сили, но ние не се плашиме и ги поддржуваме нашите војници“, напиша Ким на Телеграм, пренесува агенцијата АП.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека нема да врши притисок врз Киев да предаде територии за да се стави крај на војната во Украина.

foto Facebook

Слично

Поврзани вести