РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ НЕ СМЕАТ ДА НОСАТ БРАДИ: Кадиров жестоко реагираше
Забрането е руските војници да носат бради, а ова го налути чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
За него ова е провокација и упати критика. Во коментар за порталот RBC пред два дена, Виктор Соболев, пензиониран генерал-полковник и пратеник во рускиот парламент, ја оправда забраната за носење брада, паметни телефони и таблети како „елементарен дел од воената дисциплина“. Но, Кадиров не мисли така. Тој вели дека неговите војници носат бради како верска должност.
„Генерал-полковник Виктор Соболев очигледно има многу слободно време, бидејќи нема што да прави освен да го препрочитува воениот кодекс на однесување“, изјави Кадиров.
Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин вели дека ова е апсурдно. Чеченците дадоа придонес за војната во Украина. Украинските власти трагаат по дел од нив поради извршени воени злосторства. Во оваа група спаѓа и Кадиров.
Инаку, во време кога имаше жестоки борби во Соледар и Бахмут, Кадиров замина на одмор.
