Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските војници наводно сами си пукале во нозете за да се спасат од казна за дезертирање

Руските војници наводно сами си пукале во нозете за да се спасат од казна за дезертирање

Западен медиум пишува дека моралот кај руските војници е на многу ниско ниво. 

Моралот е толку низок меѓу инвазивните руски сили што војниците, наводно, си пукале во нозете за да избегнат борби, користејќи украинска муниција за да изгледаат дека биле погодени од бранителите, пишува „Њујорк Пост“. 

Во наводен пресретнат разговор меѓу војниците, кој го објави белорускиот независен медиум „Нехта“, еден Русин вели: „Тие пукаат во нас веќе 14 дена, исплашени сме. Крадеме храна, упаѓаме во куќи. Убиваме цивили“.

Дезертерите се соочуваат со строга казна во татковината, па користењето на украинско оружје и муниција врз себе им овозможува да направат нивните самонанесени рани да изгледаат како рани на бојното поле.

Вооружените сили на Украина соопштија дека околу 14.200 руски војници се убиени откако Русија ја започна својата инвазија пред повеќе од три недели. Се додава дека се уништени 450 руски тенкови и речиси 1.450 други оклопни борбени возила. Но, Русија не ги потврди овие информации. 

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека имаат единство и дека целите ќе бидат постигнати.  Веќе 23 дена руските сили војуваат во Украина. 

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON 

Слично

Поврзани вести