Руските војници кои војуваат во Украина ќе добијат бенефиции како воени ветерани
Руските војници кои војуваат во Украина добија статус на воени ветерани.
Ваква одлука денеска државната Дума и за таа цел е донесен закон. Нацрт-законотго предложи владејачката партија Единствена Русија. Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин изјави дека олеснувањата се однесуваат на плаќање данок, транспортни, катастарски и комунални обврски. Претходно овој статус го имаа ветераните од војните во Авганистан, Чеченија и Сирија, што овозможува различни бенефиции, но и месечни приходи. Веќе 28 дена Русите војуваат во Украина. Русија на почетокот соопшти за околу 500 убиени војници, но оттогаш не објавуваат колку нивни војници загинаа во Украина.
Слично
