Руските војници ако не си заминат, ќе бидат уништени - порака од Зеленски
Шефот на украинската држава, Володимир Зеленски денеска порача дека ако руските војници не си заминат од Украина, ќе бидат уништени.
Украина се спремна за контраофанзива. Зеленски на 25 март изјави дека контранападот е одложен поради недостиг од оружје, вклучувајќи тешка опрема и борбени авиони.
Зеленски рече дека не може да изнесува конкретни детали за претстојната офанзива, „бидејќи не можеме да им дадеме прилика на терористите од Руската Федерација да се подготват за нашите методи и чекори кон деокупација“, пренесува Киев индипендент.
Украина според она што е објавено деновиве, не се откажува и од желбата да го врати Крим, полуостровот кој Русија го анектираше во 2014 година. Со месеци руските сили се обидуваат да го освојат градот Бахмут. Сепак, украинските сили го бранат градот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto EPA
