Руските власти вечерва го блокираа и пристапот до Фејсбук
Русија го блокираше и Фејсбук.
Руските власти вечерва го блокираа и пристапот кон глобалната социјална мрежа Фејсбук. Руската државна новинска агенција Риа соопшти дека тамошното тело за надзор на медиумите одлучило да го блокира пристапот до платформата за социјалните медиуми поради тоа што имало 26 случаи на дискриминација на неколку руските медиуми (меѓу кои РТ, Спутник, „Звезда“) од Фејсбук од октомври 2020 година. Руската војска веќе девет дена војува во Украина.
Слично
