Руските власти ќе мора да одговараат, вели Макрон за случувањата во Буча
Многу лидери ги осудија убиствата на цивили во Буча во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека сликите од Буча се неподносливи.
„Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“, вели Макрон.
Украинската војска вчера ја ослободи Буча, откако руската армија се повлече кон Белорусија. Властите објавија дека во масовна гробница во Буча имало закопани 57 луѓе.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ги осуди „неописливите ужаси“ снимени во областите каде што Русија се повлече. Фон дер Лајен повика на независна истрага.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја нарече неприфатлива смртта на цивили во градот Буча.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави за Си-Ен-Ен дека Соединетите Држави продолжуваат да и помагаат на Украина да се одбрани, но во исто време и кажуваат на Русија дека мора да стави крај на оваа војна.
