Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските власти ќе ги извлечат жителите од Херсон

Руските власти ќе ги извлечат жителите од Херсон

Жителите на Херсон ќе заминат во Русија. 

Руските власти денеска информираа дека ќе им помогнат на жителите да го напуштат украинскиот регион Херсон, окупиран од Москва, откако тамошните власти поддржани од Кремљ побараа помош по украинската контраофанзива.

Шефот на јужниот украински регион Херсон, Владимир Салдо, кој е инсталиран oд Москва, претходно ги повика жителите да ја напуштат областа и побара од Русија да помогне во евакуацијата на луѓето, пренесува агенцијата Франс прес.

„Им предложивме на сите луѓе од регионот Херсон, доколку сакаат, да заминат во други региони за да се заштитат од ракетни удари“, кажа тој. 

Руската инвазијата на Украина почна на 24 февруари, а вчера Украина објави дека ослободила пет населени места во Херсонската област. 

foto Reuters

Слично

Поврзани вести