Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските трупи го бомбардираа Миколаев: Погоден станбен блок, делови од градот без струја

Руските трупи го бомбардираа Миколаев: Погоден станбен блок, делови од градот без струја

Рано утринава руски војници го бомбардираа јужниот украински пристанишен град Миколаев од повеќецевни ракетни системи, јавуваат агенциите.

Гранатирањето започнало околу 5.00 часот по локално време, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на локалниот медиум „Њуз-Н“.

Жителите на Миколаев пријавиле дека експлозии се слушнале во сите делови на градот и наводно во два правци истовремено, пренесува „Украина 24“.

И жителите на социјалните мрежи пишуваат дека во некои делови од градот снемало струја.


ФОТО: Фејсбук ДСНС України

Слично

Поврзани вести