Руските сили ставија под своја контрола уште еден украински град
Руските сили освоија уште еден град во источна Украина.
Под нивна контрола е градот Кремина во областа Луганск, околу кој утрово се воделе жестоки улични борби.
Серхи Хајдај, воениот лидер на регионот Луганск, на Телеграм напиша дека во овој момент се чини дека е изгубена контролата над градот. Тој додаде дека Русите донеле огромно количество опрема. Вели дека четири лица загинале при обидот да побегнат од градот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската војска употребила проектили за да уништи 16 украински воени објекти во текот на ноќта.
Руските сили продолжија да напредуваат кон западниот дел на Донбас, изјави висок украински функционер, пренесе Си-Ен-Ен.
Слично
