Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел?

Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел?

Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел, oбјавија британски разузнавачи. 

Информацијата ја соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај. 

„Украинските сили продолжуваат да напредуваат против руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев“, стои во извештајот.

Украинците обезбедиле клучна рута во источен Харков по ослободувањето на Тростјанец на почетокот од оваа недела. Во тек се обиди на украинските сили да напредуваат од Ирпин кон Буча и Хостомел по северозападната оска.  Во Хостомел од првиот ден се водат тешки борби, затоа што заземањето на тој аеродром значеше полесен пристап за Русија до главниот град Киев.

Пред 38 дена Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди Украинците дека ги очекуваат тешки битки на истокот од земјата, околу Донбас и Харкив. 

Русите извршија напади во уште два украински града.

foto EPA/STR

Слично

Поврзани вести