Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските сили пеплосаа трговски центар во Киев, при што осум луѓе загинаа

Руските сили пеплосаа трговски центар во Киев, при што осум луѓе загинаа

Русите целосно уништија трговски центар во главниот украински град Киев, при што има најмалку осуммина загинати. Можно е бројот на жртви да биде поголем. 

По ракетниот напад се запалиле и неколку околни возила, соопшти украинската Служба за итни состојби, а оттаму додаваат и дека 63 пожарникари го гаселе пожарот кој го зафатил третиот и четвртиот кат на трговскиот центар, пренесуваат украинските медиуми.

„Како последица на непријателскиот ракетен напад и пожарот кој следеше потоа, трговскиот центар е уништен, прозорците на околните станбени згради испукаа, а оштетени се и паркирани возила“, пишува во објава на врховното обвинителство на Телеграм.

Украина не го предаде Мариупол, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека нема да дозволат ниту еден град да падне под руска окупација.

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Слично

Поврзани вести