Руските сили не претставуваат никаква закана за украинските цивили, тврди Небензја
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја вели дека Москва не планира да ја окупира Украина, а руските сили не претставуваат никаква закана за украинските цивили, ниту за цивилната инфраструктура.
Вели дека руската армија и силите на сепаратистичките области Доњецк и Луганск започнаа воена операција во Украина во четвртокот по неколкумесечна ескалација и неколкунеделни артилериски, минофрлачки и снајперски напади на украинските сили во зоната на конфликтот во Донбас.
Изјави дека руската армија и силите на сепаратистичките области Доњецк и Луганск започнаа воена операција во Украина во четвртокот по неколкумесечна ескалација и неколкунеделни артилериски, минофрлачки и снајперски напади на украинските сили во зоната на конфликтот во Донбас. Небензја вели дека ќе бараат да бидат изведени пред лицето на правдата оние кои извршиле злосторства против руските граѓани.
Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск, каде има многу граѓани кои воедно поседуваат и руски државјанства. Потоа Русија ја почна инвазијата на Украина.
Најновиот случај на убиени цивили е во Харков, каде загинаа над 11 луѓе.
