Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИТЕ СИЛИ КОНТРОЛИРААТ 90 ОСТО ОД БАХМУТ: Артјомовск ќе биде окупиран, прашање на време е!

РУСКИТЕ СИЛИ КОНТРОЛИРААТ 90 ОСТО ОД БАХМУТ: Артјомовск ќе биде окупиран, прашање на време е!

Руските чети контролираат околу 90 отсто од Артјомовск (Бахмут), прашањето за заземање на градот ќе биде решено во блиска иднина, изјави вршител на должноста советник на самопрогласената Доњецка народна република Јан Гагин.

Во секој случај, Артјомовск ќе биде окупиран, тоа е прашање на време. Во овој момент блиску сме околу 90 отсто од територијата на самиот град да биде практично под контрола на нашите сили. Сите патишта сега се под контрола на нашата артилерија – изјави Гагин за телевизискиот канал „Русија 24“. Според него, засега нема договорено повлекување на украинските сили од градот.

- Во однос на повлекувањето, не сум подготвен да кажам дека противникот се повлекува. Да, има обиди за заминување, заминуваат помали чети, но тоа повеќе личи на мало бегство - изјави Гагин.

Најважно од брифингот на руското Министерство за одбрана во врска со ситуацијата во Бахмут.

Руските сили ослободија три населби во северозападниот, централниот и југозападниот дел на Бахмут. Руските воздухопловни сили ги блокираа северните и јужните приоди кон Бахмут. Спречени се обидите на украинските сили да извршат контранапади во Бахмут и цела низа населби.

Украинските сили претрпеа големи загуби во персоналот на Доњецкиот дел од фронтот - изгубија 380 војници.

Слично

Поврзани вести