Руските сили киднапираа заменик градоначалник
Русите вчера го киднапирале заменик-градоначалникот на Нова Слобода, Алексеј Шибаев, додека придружувал достава на помош. Руските војници го запреле на контролниот пункт на околу 80 километри северозападно од градот Суми.
Суми засега е под контрола на Украина, но е под опсада и руската артилерија го гранатираше. Ова не е прв ваков случај. Претходно руската војска киднапираше двајца градоначалници, а потоа ги ослободи. Двете завојувани страни разменуваа заробеници. Денеска е 38-ми ден од почетокот на војната во Украина.
Слично
