Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските сили го гранатираа Мариупол 12 часа, властите уверени дека има голем број жртви

Руските сили го гранатираа Мариупол 12 часа, властите уверени дека има голем број жртви

Властите во украинскиот град Мариупол веруваат дека стотици луѓе се мртви во гранатирањето. 

Градоначалникот на украинскиот пристанишен град, Вадим Боиченко, изјави дека руските сили го гранатираат градот без престан веќе 12 часа. Кажа дека „непријателските окупаторски сили на Руската Федерација направија се за да го блокираат излезот на цивилите од градот”.

Заменик-градоначалникот Сергиј Орлов изјави дека делот од градот покрај реката каде живеат 130.000 луѓе, вклучувајќи го и неговиот татко, е скоро целосно уништен.

„Не можеме да ги броиме жртви таму, но веруваме дека стотици се мртви. Не можеме да одиме за да ги земеме телата“, изјави тој за Би-Би-Си.

Тој кажа дека руските сили се оддалечени неколку километри од градот од сите страни.

На седмиот ден од руската инвазија на Украина, Москва тврди дека нејзините сили напредуваат кон стратешките цели. Досега повеќе од 2.000 цивили загинаа во Украина.  Уништени се  многу објекти во Киев и Харков. Над 80.000 луѓе избегале од земјата. Според ТАСС, преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат вечерва. 

Слично

Поврзани вести