Руските сили близу Харков заробиле и двајца американски борци
Русите за првпат заробиле двајца американски борци во Украина, објави британски „Телеграф“.
Станува збор за Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27). Тие се заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, објаснуваат нивните соборци. Судот на самопрогласената проруска Народна Република Донецк неодамна осуди на смрт двајца британски доброволци и еден Мароканец кои беа заробени во украинскиот град Мариупол.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека смртните казни изречени на странските борци во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) се „јасен пример за другите платеници кои се борат за Киев“. Ројтерс пишува дека западните функционери бараат овие луѓе да се третираат како регуларни војници заробени во војна и дека имаат право на заштита според Женевската конвенција. На страната на Украина војуваат борци од многу земји. Меѓу нив како што претходно објавија медиумите има и Хрвати.
Слично
