Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските сепаратисти ја обвинија Украина за четири напади со тешко оружје - ЛАВРОВ: НАТО ЈА ПРЕМИНА ГРАНИЦАТА

Руските сепаратисти ја обвинија Украина за четири напади со тешко оружје - ЛАВРОВ: НАТО ЈА ПРЕМИНА ГРАНИЦАТА

Сепаратистите во источна Украина, поддржани од Русија, ја обвинија украинската влада за четири напади со тешко оружје во последните 24 часа. Украинските власти тврдат дека нивната војска била нападната, а не обратно. Тие велат дека сепаратистите гранатирале градинка и немало жртви.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека ситуацијата „ескалира“ во регионот на Донбас и се осврна на „огромниот ударен потенцијал на украинските сили“.

Песков рече дека Путин се уште не одговорил на барањето на руската Дума за признавање на таканаречените Народни републики Доњецк и Луганск, два отцепени региони во источна Украина. Думата во вторникот го повика Путин да ги признае како независни.

Песков, исто така, го обвини НАТО дека спроведува „нескриена информативна агресија против Русија“. Тој рече дека руското Министерство за надворешни работи го подготвува својот одговор кон Западот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оваа недела изјави дека Москва допрва треба да одговори на западните писмени предлози поднесени минатиот месец како одговор на претходните барања на Кремљ.

Лавров: НАТО ја премина границата

Рускиот министер за надворешни работи вели дека со распоредувањето на трупите на НАТО „тој го прави токму истото за што ја обвинува Русија“. „Ние сме сериозно загрижени поради многу големиот обем на неиспровоцираното и неоправдано акумулирање на војници во и околу Украина и Белорусија“, додаде тој.

„Што мислите за тоа? Знаете, тоа чувство на лична супериорност и лична непогрешливост, според мене, веќе ја премина границата и за жал колегите од НАТО едноставно не можат да ја видат таа граница“, вели тој.

Слично

Поврзани вести