Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руските пратеници ја усвоија одлуката за амнестија на бизнисмените

Руските пратеници ја усвоија одлуката за амнестија на бизнисмените

Пратениците на Руската Дума ја усвоија одлуката за амнестија на бизнисмените. Истата стапи на сила на 2 јули и треба да трае шест месеци, пренесоа руските медиуми.

Пратениците со усвојувањето на овој документ, им овозможија на бизнисмените што се осудени за прв пат или пак против нив е покрената кривична постапка врз основа на 27-те членови од Кривичниот законик на Русија, да бидат ослободени од одговорност.

Амнестијата во овој случај налага осомничените или обвинетите да го вратат противправно здобиениот имот, или да ги компензираат штетите на оштетените лица.

Амнестијата не важи само за за затворениците, туку и за оние кои не се осудени на казна затвор.

Слично

Поврзани вести