РУСКИТЕ ПРАНКЕРИ ЈА ИЗМАМИЈА МЕЛОНИ: Таа откри што мисли за војната во Украина
Руските пранкери ја измамија италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Мелони, прими повик од лице кое тврдеше дека е претседателот на Коморите, Азали Асумани, актуелниот претседавач со Африканската унија. Всушност, се работело за руското пренкерско дуо познато како Вован и Лексус.
„Повикот се одржа на 18 септември, пред Генералното собрание на ОН“, соопшти канцеларијата на Мелони.
Италијанската Влада не ја коментираше содржината на повикот. Руските пранкери ја прашале за мислење за војната во Украина.
„Проблемот е да се најде излез кој може да биде прифатлив и за двете страни без да се уништи меѓународното право“, додаде таа.
За позицијата на Италија како прво пристаниште за многу мигранти кои го преминуваат Медитеранот, Мелони изразува жалење што меѓународните партнери не прават доволно за да помогнат.
„Сите се согласуваат дека само Италија треба сама да го реши овој проблем. Тоа е многу глупав начин на размислување“, рекла Мелони.
Руското дуо, кои важат за блиски до владата на претседателот Владимир Путин, ги измамиле и поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас и поранешната градоначалничка на Берлин, Франциска Гифи.
За разговорот со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, еден од двајцата се претставувал како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
foto Facebook/Giorgia Meloni
