Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ ОД „ВАГНЕР“ ПОВРЗАНИ СО МАСАКРИТЕ ВО АФРИКА: Гардијан ексклузивно за убиствата на цивили во Мали

РУСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ ОД „ВАГНЕР“ ПОВРЗАНИ СО МАСАКРИТЕ ВО АФРИКА: Гардијан ексклузивно за убиствата на цивили во Мали

Руските платеници од групата Вагнер наводно се поврзани со масакрите во Африка, во кои беа убиени неколку стотици цивили, пишува Гардијан.

Британскиот весник ја пренесе веста како ексклузивна, тврдејќи дека сега расте стравот од влијанието на растечките интервенции на Москва врз стабилноста и безбедноста на земјите низ „црниот континент“.

Официјално, нема конкретни наводи за убиства во Мали, но некои од сведоците, водачи на локалната заедница, дипломатите и локалните аналитичари за многу од смртните случаи ги обвинија борците од групата Вагнер, мрежа на приватни компании, како то наведува „Гардијан“,  управувана од близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Инцидентите се случија во Мали, стратешки важна западноафриканска земја каде што групата Вагнер пристигна минатата година, откако таа група постигна договор со воената хунта која владее во Мали, пишува Гардијан.

Интерни документи на армијата на Мали, до кои Гардијан имал пристап, откриваат присуство на членови на таа група кои африканските власти ги претставуваат во улога на „руски инструктори“ - во „мешани мисии“ со војници од Мали и жандарми при бројни операции во кои се убиени се многу цивили.

Според податоците собрани од невладината организација „Armd Conflict Local and Event Cocaine Project“ (ACLED), дури 456 цивили биле убиени во девет инциденти во кои биле вклучени силите на Мали и Вагнер меѓу јануари и средината на април оваа година.

Најсериозниот инцидент се случил во март, кога групата Вагнер, наводно, била вмешана во масакрот во Моура, село контролирано од исламистички екстремисти, каде за четири дена биле убиени меѓу 350 и 380 мажи.

Групата Вагнер, наводно, била активна во десетина земји низ Африка и постојано била обвинета за кршење на човековите права на континентот. Во извештајот на Хјуман рајтс воч во вторникот се вели дека силите во Централноафриканската Република се идентификувани како руски, кои убиваат и мачат цивили од 2019 година, повторувајќи ги сличните наоди на група експерти на ОН минатата година.

Групата Вагнер учествува и во инвазијата на Украина и е поврзана со тамошните злосторства, наведува Гардијан.

ФОТО: EPA/NIC BOTHMA

Слично

Поврзани вести