Руските олигарси губат милијарди заради кризата во Украина
Десеттемина најбогати Руси загубиле 6,6 милијарди долари или 4,7% од нивното вкупно богатство како резултат на украинската криза, која само минатата недела предизвика пад на рускиот берзански индекс МИЦЕКС за речиси 11%, проценува компанијата „Велт Х“ која собира податоци за најбогатите луѓе во светот.
Актуелната комбинирана нето-вредност на топ-10 најбогатите Руси изнесува 133,7 милијарди долари во споредба со 140,3 милијарди долари, колку што беше пред неодамнешната ескалација на тензиите меѓу Русија и Украина.
Според анализата, најбогатиот Русин Алишер Усманов, со бизниси во рударството, телекомуникациите, медиумите и спортот, вклучувајќи повеќе од 30 отсто од акциите во фудбалскиот клуб „Арсенал“ од Лондон, за само една недела изгубил 1,7 милијарда долари во текот на превирањата на пазарот предизвикани од украинската криза, а неговото лично богатство се намалило од 20 милијарди долари на 18,3 милијарди.
Најголема загуба преживеал Владимир Потанин, претседателот на „Интеррос“, една од најголемите руски приватни инвестициски компании. Нето-вредноста на неговото богатство за само една недела беше намалена на 10,4 милијарди долари, откако тој загуби околу 2 милијарди долари.
Слично
