Руските мајки ги испраќаат своите синови во смрт - Украинците тврдат дека убиле над 1.000 војници
Украинските војници убиле над 1.000 руски војници, објави ДПА. Но, руската страна тврди дека нема жртви.
„Руските мајки ги испраќаат своите
синови во сигурна смрт, бидејќи
украинските вооружени сили ги држат
линиите и ќе ја бранат својата земја од
окупаторите“, се наведува во
соопштението.
Украинските трупи во меѓувреме влегоа
во Киев со тешка воена опрема за да го
одбранат главниот град. Во северен Киев во моментов се одвива битка меѓу украинските одбранбени сили и руските војници, кои се обидуваат да се пробијат до центарот, односно до објектите на власта на Украина.
Русија вчера започна со инвазија на Украина. Против Русија многу земји воведоа санкции.
Фото: ukrinform.net
Слично
